9 Мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот – ден кога во 1945 година официјално завршила Втората светска војна во Европа со капитулацијата на нацистичка Германија. Овој ден е симбол на победата над фашизмот, слободата и мирот. Во многу држави, меѓу кои и Македонија, 9 Мај се одбележува со положување цвеќе, комеморации и оддавање почит на борците и жртвите од Народноослободителната борба. Истовремено, 9 Мај се одбележува и како Ден на Европа, во чест на почетокот на европското обединување и мирната соработка меѓу европските народи. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОДБЕЛЕЖАН 9-ти МАЈ – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европската унија