Советот денеска ја одржа Итната 14 –та седница која се свика со цел да се донесе Одлука за избор на најдобар наставник, воспитувач и неговател во образовните установи во Општина Радовиш. Согласно предвидените рокови во член 49 став 5 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш бр. 08-1216/1 од 25.09.2025 година и краткиот временски период од стапувањето во сила на Правилникот за избор на најдобар наставник, воспитувач и неговател во образовните установи во Општина бр. Радовиш бр. 08-688/1 од 29.04.2026 година и целата постапка предвидена во член 5 и 6 од истиот Правилник, а со оглед на краткиот времески период на организирање на традиционалната свечаност по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј (државен македонски празник) потребно е да се донесе оваа Одлука. Од наведените причини, се предлага свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 9-ти МАЈ – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европската унија Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот