Oпштина Радовиш објави Јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година Се распишува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општина Радовиш кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2019 год. Потребни документи за поднесување се : – Образложение за предлогот по Конкурсот ; – Список на добиени награди и признанија во тековната 2019 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено) Период за доставување на документите од 09.10.2019 година заклучно со 20.10.2019 год. Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2019 год. Повеќе за Конкурсот на страницата на општина Радовиш „КОНКУРС“ [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ДЕЧИЊАТА ОД ЦЕНТРИТЕ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ СЕ ЗАПОЗНАВАА СО ПОДГОТВУВАЊЕТО НА РАДОВИШКИТЕ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ФК ПЛАЧКОВИЦА ГО СОВЛАДА ФК ОСОГОВО