Црвениот крст Македонија по повод Неделата на борба против гладта организира кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ кој ја отсликува интенцијата на Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството. Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Македонија, во соработка и поддршка на компании, со образовно – воспитните институции, здруженијата на граѓани, и граѓани. Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2019 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје. Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”12047″] [metaslider id=”11231″] Post navigation РАДОВИШ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ДОМАЌИН НА НАЈПОСЕТЕНАТА ГУРМАНСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ Видео репортажа: САМУН Ем ТАТЛИЈА 2019