ЖФГ Радовишанки-Етно изминатиот викенд учествуваше на Првите меѓународни средби на ветерани и рекреативци во фолклорот „Фатише коло нишке девојке” во организација на ФД Теодора- Ниш, Р. Србија. Учество земаа околу 250 учесници и ветерани од повеќе Балкански земји.”Водени од љубовта кон фолклорот ги рушиме границите кои не делат” беше главното мото на овие средби. ЖФГ Радовишанки-Етно Македонија ја претстави со Тресеница и Малешевка при што особено остави впечаток кај публиката со својата богато украсена носија. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”12047″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ФК РАКЛИШ СО ПОБЕДА ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ РЕД И МИР, ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ ОСУМ ЛИЦА ВО РАДОВИШ