Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти, кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата. Повеќе информации од прес конференцијата на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче закажана од 14:00 часот во Владата. Post navigation ЗАТВОРАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ И АЕРОДРОМОТ СКОПЈЕ 30 ЧЛЕНКА НА НАТО, ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО