Во Општина Радовиш се изврши „Ларвицидно третирање“ против комарци, и тоа во речните корита, водотеци и стојни води низ општината. Теренското третирање против ларви од комарци, се вршеше со средство во вид на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици. Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести е предвидена во Програмата на Општина Радовиш. Општина Радовиш најавува дека ќе следуваат прскања против комарци, за кои пред реализирањето, граѓаните ќе бидат информирани. Post navigation ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ДЕНЕС НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ УЈП СО ДОСТАВЕНИ ПРЕТПОПОЛНЕТИТЕ ГОДИШНИ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ