Околу триесетина граѓани во неделата своеиницијативно се организираа и спроведоа една еколошка акција за чистење и уредување на дел од комплексот на манастирот во Ораовица. Како што истакнаа учесниците еколошката акција започнала утрото во неколку групи, а секоја група си го сработувала својот план. Косење на тревата и собирање на истата, чистење на отпадоци, прочистување на базенот и негово заштитување (градење на мрежа), чистење на патеката, бината (на Ф.А Китка) и многу други места. Меѓу учесниците во акцијата имало и разговори дека вакви еколошки акции му се потребни на комплексот, но исто така дека како граѓани треба да се срамиме од глетката затекната во околината на комплексот и со големи количини расфрлано ѓубре. Крајот од денот заокружен со вкусно манастирско бобче и дружење помеѓу учесниците… Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење. Post navigation ЗАПОЧНАА УПИСИТЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА -распоред за упис во СОУ „Коста Сусинов“ ОБНОВА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦРКВАТА СВЕТИ „КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“ ВО РАКЛИШ (фото)