Како што претходно информиравме дека во Радовиш се врши обнова и реконструкција на неколку верски објекти, денес со неколку фотографии ве информираме за обновата на црквата Свети Константин и Елена во населба Раклиш Од црковниот одбор искажаа благодарност до сите донатори преку известување до верниците за работите кои се во тек: „Почитувани верници, со помош од сите вас еве ја поминавме потешката фаза од градбата на црквата: инсталација на струја, олуци за кровот, нови прозори и внатрешно грубо нанесување на малтер. За да се заврши конечниот лик на црквата потребно е да постави гипскартон со глет на таваните и глетовање на ѕидовите. За овој проект црквата има средства само за набавка на гибскартон, па затоа некој ако е во можност може да помогне за да се заврши замисленото“. Црква Свети Константин и Елена, Раклиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење. Post navigation ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС СВ. ГЕОРГИЈ ВО ОРАОВИЦА (фото) ПОМАЛКУ СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ТУТУН, НАМАЛЕНИ КОЛИЧИНИИ ЗА 4.000 ТОНИ