На 27.07.2020 околу 20.00 часот кај место викано „Канда“, на магистрален пат Штип – Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Р.С.(30) од Скопје, кој управувал патничко возило „алфа ромео“, со светиниколски регистарски ознаки, а во кое биле пронајдени шест лица мигранти од Пакистан. При неговото запирање, Р.С. се обидел да го побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото било утврдено дека регистарските ознаки припаѓаат на патничко возило „фолксваген“. Р.С. и мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ВАНДАЛИЗМОТ ПРОДОЛЖУВА, ПОВТОРНО ДЕМОЛИРАН ТЕНИСКИОТ ТЕРЕН! СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОРИТО НА РАДОВИШКА РЕКА