Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски вчера го посети Радовиш и имаше работна средба. При Посетата министерот Бочварски, и директорот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта Беким Мемеди, извршија увид во реконструираниот регионален пат од Радовиш до Плачковица. Патниот правец кој е во должина од 19 км, се реконструира преку ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта. Министерот Бочварски потпишаа и договор за рехабилитација на локалниот пат кој ги поврзува населените места Прналија и Супурге. Инвестицијата и средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, во рамките на проектот „Поврзување со локални патишта со општините“. „Овде сме да го означиме завршувањето на овој патен правец до Плачковица. Со асфалтирањето на последната делница од околу 5 километри, практично целосно ја завршуваме обновата на патниот правец од Радовиш кон планината Плачковица. Со тоа овозможуваме континуиран развој на планинскиот туризам во регионот. Овој проект е од големо значење за сите граѓани на општината, но и од целата држава кои ги посетуваат природните убавини на Плачковица. – истакна Бочварски при посетата на Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ТОПОЛ БРАН СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 40 СТЕПЕНИ MТСП: БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ЛИЦАТА НА ВОЗРАСТ НАД 60 ГОДИНИ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ