Трката за татко на градот почнува полека, секој кандидат ќе се труди што повеќе да се наметне кај избирачите и да ги придобие нивните гласови. Ѕирнавме малку низ понудените проекти, многу од нив ги знаеме само како пуста желба, затоа што партиите ги ставаат во промет секогаш за време на избори, а потоа истите се забораваат, но ако ја зборуваме вистината има и новитети и конкретни проекти, вистина ретки, но сепак постојат. Таков е проектот – Изградба на нов градски пазар во Радовиш. Ова е проект со кој се нуди решение за долгогодишната голгота на земјоделците кои покрај тоа што со голем напор го произведуваат својот производ дополнително имаат проблем и со немањето достоинствени услови за пласирање и продавање на производите. Но новиот градски пазар кои ги задоволува сите стандарди ќе биде на задоволство на сите. На производителите, продавачите, трговците и секако потрошувачите. Проектот изгледа навистина велелепно! ВИДЕО ОД ПРОЕКТОТ ЗА НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР Реален и остварлив проект кој ќе ги реши проблемите на земјоделците, произведувачите и трговците, граѓаните на Радовиш го заслужуваат – вели кандидатот Ацо Ристов. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РАДОВИШКО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ПИРАВА, ВАЛАНДОВСКО ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА ВО ДРЖАВАВА ЌЕ БИДЕ УМЕРЕНО ОБЛАЧНО И НЕШТО ПОТОПЛ