Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од страна на УНЕСКО како таков го има прогласено во 1999 година а една година, подоцна е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборува на околу 6.500 јазици, а на половина од нив, во многу делови од светот им се заканува изумирање и исчезнување. Конкретно, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици. Јазиците кои се зборуваат во една земја, а особено јазиците на малцинствата како што имаме случај и во нашата татковина, Република Македонија, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина на секоја заедница па и на нашата. Поаѓајќи од ова, како културно образовна установа, го организираме одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со сооодветни лица поврзани со лингвистиката, а тоа се, пред се: предавачот на денешнава тема Проф. Д-р Димитар Пандев. На Филолошкиот факултет и се разбира во својство на слушатели на трибината, поголемиот број на актуелни професор по македонски односно мајчин јазик во петте основни и единственото средно училиште во Општина Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДИСЕМИНЦИСКА СЕСИЈА ПРИЛАГОДЕНА ЗА ДЕЦАТА, КОИ ПРЕКУ ИГРА СЕ ЗАПОЗНАА СОРАБОТАТА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ФК ДЕТОНИТ ВО САБОТА ПРОТИВ ЛИДЕРОТ ФК ПОБЕДА