Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април денеска во Радовиш беше одбележан и претворен во карневал на детската фантазија. [Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”Априлијада 2022″] Плоштадот Св.Спасо Радовишки личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“. Дефилето започна од пред општинската зграда и движејки се кон плоштадот, каде маските имаа свое претставување, и овој пат дечињата и учениците им ги исполнија срцата на сите присутни родители, баби и дедовци и роднини. Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец изразувајќи благодарност во име на општината и Градоначалникот Ацо Ристов упати честитки до сите учесници за нивната креативност како и до нивните ментори, наставници, воспитувачи и негователи. Сите учесници кои беа дел од овогодишната Априлијада добија признанија. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СВР СТРУМИЦА СО АПЕЛ ДО СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ВО РАДОВИШ ЗАПОЧНУВА ПРОЕКТОТ „ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ