По повод големиот Христијански празник Велигден, во Центарот за култура „Ацо Караманов’’, беше одржана традиционалната манифестација „Велигденски креации“. Поединечно декорираните велигденски јајца, велигденските креациии, мозаици, цртежи како и велигденските песнички беа вистински празник за очите. Учениците од општинските основни училишта и децата од детската градинка и покрај штрајкот на вработените во овој сектор, уште еднаш ја докажаа својата креативност поврзана со славата и значењето на најголемиот Христијански празник. Честитајки го Велигден и упатувајќи пораки за воскресението христово и обновата на животот, Градоначалникот Ацо Ристов на сите учесници им се заблагодари за убавините со кои го збогатија величествениот православен празник Велигден. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОНЦЕПНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ 2022 ОРГАНИЗИРАНА ИФТАРСКА ВЕЧЕР ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕД