По повод 9 Мај, на централното спомен-обележје во Паркот на младите во Општина Радовиш, неколку делегации положија свежо цвеќе во знак на почит кон борците и жртвите од Народноослободителната борба.
Почит оддаде и градоначалникот Љупче Почивалец, кој истакна дека имињата испишани на овој споменик се херои што своите животи ги положиле за денешната слобода и мир.
За време на положувањето цвеќе, настап имаше и хорот од основното музичко училиште „Никола Карев“ , кој со пригодна музичка изведба придонесе за достоинствено одбележување на овој значаен ден.
„Нивната жртва никогаш не смее да биде заборавена. Вечна им слава и благодарност“, порача градоначалникот
© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!