Како и што беше најавено денес, со почеток од 9.00 часот на стадионот „Никола Мантов“ започна и се одигра традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“ 2018. Турнирот свечено за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој им се обрати на учесниците и им посака среќа. Победник за оваа година каде што настапија екипи со возрасна категорија фудбалери родени 2003 година и помлади е тимот на Беласица од Струмица која по изведување пенали славеше со 5-4. Мечот во регуларниот дел заврши нерешено без голови, 0-0. Полуфинале: ГФК Осогово – Слога Виница 5-1 (3-0) Стрелци за Осогово: Љупче Пејов (12′, 17′ 33′ минута), Драган Цветанов (10′ минута) Томас Златков (29′ минута) Стрелец за Слога Виница: Филип Дончев (31′ минута) Плачковица – Беласица 0-2 (0-1) Стрелци за Беласица: Ристе Палифров ( 19′, 38′ минута) Меч за трето место: Плачковица – Слога Виница 5-0 (3-0) Стрелци за Плачковица: Георги Камчев (9’минута), Дарко Павчевски (13′ минута), Николче Ефтимов (16’минута) , Аце Марчетич (21′ минута), Марко Стојменов (24′ минута). Финале: ГФК Осогово – Беласица 0-0 По изведување на пенали 4-5 Конечен распоред за овогодинешното издание на „Драганица Куп“: Беласица Осогово Плачковица Слога Виница Поединечни награди: Најдобар фудбалер – Митко Андонов (ГФК Осогово) Најдобар голман – Филип Лазаревски (Беласица) Најдобар стрелеце – Љупче Пејов (ГФК Осогово) Извор: ФК Осогово Post navigation Акција „Здравје за сите“ во пресрет на ,,Денот на здравјето” ФК ДЕТОНИТ СО ПОБЕДА ПРОТИВ ФК СПАРТМАНИ