Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола беше одбележан завршетокот на 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”. Фестивалот годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”. Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш, награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија. Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски. – За еден фестивал дека е успешен сведочат насмевките на учесниците и на публиката, силината на аплаузите, радоста на организаторите. На Министерството за култура и Општина Битола бескрајно им благодарам за препознавањето и значењето, како и поддршката на најстариот фестивал во нашиот град, фестивалот кој го претвори градот во крстопат, каде се споија Истокот и Западот, Северот и Југот, создавајќи пријателства што ќе траат, истакна Андоновска Илијевски. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОДЛОЖЕН СТАРТОТ НА ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЈАВЕН ПОВИК ЗА УПИС НА ЧЛЕНОВИ ЗА МЛАДИТЕ КАТЕГОРИИ НА ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА