Вчера ТППЕ Радовиш во соработка со ЦКРСМ-Општинска организација Радовиш, организираа вежба за евакуација и спасување во ООУ”Орце Николов”с.Калугерица. По веќе утврдено сценарио, беше организирана тактичко-показна вежба за “Eвакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар”. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Клуб на млади на ООЦК Радовиш, симулираа спасување и евакуација на повредени лица. Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во училиштето, увежбување на истите и пружање на прва помош во такви или слични ситуации. Следната симулациска вежба со претходно утврдено сценарио ќе биде во подрачното училиште во с.Злеово на 2 ноември, оваа година. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ИНСТИТУТОТ РОМАЛИТИКО НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ КАНИ БЕКО ПРАТЕНИКОТ ОД ТУРЦИЈА, ИЗМИР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ