Со тридневната програма Радовиш го одбележа празникот 6-ти Ноември – 78 години од ослободувањето. Во Паркот на млади беше положено свежо цвеќе а веднаш потоа во Музејот беше одржана изложбата „Радовиш низ времето“ каде што беше организиран свечен прием на гостите. По повод 6-ти Ноември-Денот на ослободувањето на градот Радовиш, општина Радовиш подготви програма за одбележувањето на 78 години слободен Радовиш. Вечерва во Центарот за култура „Ацо Караманов“ ке бидат доделени тредиционалните шестоноемвриски награди и признанија, а во спортската сала ке се одржат финалните натпреаври од традиционалниот шестоноемвриски турнир во мал фудбал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВО РАДОВИШ ДЕНЕСКА БЕШЕ ОДРЖАНА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” „РАДОВИШ НИЗ ВРЕМЕТО“ времеплов кој е прикажан преку стари обработени фотографии…