Во склоп на програмата на чествувањето на празникот 6-ти ноември денеска беше отворена изложбата „Радовиш низ времeто“ на стари обработени фотографии кои не враќаат низ времепловот за Радовиш и радовишани. Изложбата беше посетена од гостите кои присуствуваа и на свечениот прием по повод празникот. Вреди да се посети оваа изложба која е надополнета со уште фотографии , а една од тие фотографии датира од 1920 година, радовишани се присетија и на поплавата која го зафатила нашето градче во 1982 година, а некои се секааваат и на првите машини за шиење и курсевите кои ги посетувале нивните родители преку фотографијата која датира од 1929 година – истаканаа посетителите на оваа изложба… Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation 78 ГОДИНИ ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО – РАДОВИШ ГО ОДБЕЛЕЖУВА 6-ТИ НОЕМВРИ 100.000 ДЕНАРИ ЗА „ФРЕИД ОНЕ“ ОД ШЕСТОНОЕМВРИСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ