ОО Црвен Крст Радовиш реализираше предавање по повод одбележувањето на неделата на борба против ХИВ/СИДА, со едукативно предавање на учениците во СОУ ,,Коста Сусинов” со присуство на 28 ученици и ООУ ,,Никола Карев” со присуство на 54 ученици. Учениците се запознаа со тоа што значи ХИВ и СИДА, кои се симптомите, како се пренесува, како можеме да се тестираме и превенција од ХИВ. Работилницата беше спроведена од страна на обучен врснички едукатор Илина Сандева. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВО РАДОВИШ УТРЕ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА РК РАДОВИШ ПРОДОЛЖУВА СО НАТПРЕВАРИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА