Во средното општинско училиште „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа првата ораторска вечер на која учествуваа ученици од ОOУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш и средношколци од СОУ „Коста Сусинов“. Ораторите се претставија со свои слободни говори нагласувајќи ги сопствените ставови, размислувања и доживувања. Младите луѓе не се плашат да го кажат своето мислење и гласно зборуваат. Првото место ѝ припадна на Ана Марија Ѓоргиева, второто на Роман Јованов и третото на Атанас Ѓоргиев. Првото место за најдобар оратор во категоријата средношколци доби Деница Трајанова, второ Виолета Василева и трето Симона Долдурова. Им честитаме на победниците, но пред се на сите учесници кои покажаа огромна храброст и ораторски вештини. Им посакуваме многу успеси во иднина! Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНИ ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА, ИАКО ЌЕ ИМА И СОНЦЕ