Информација од управата на ФК Детонит Плачковица Секогаш е тешко кога успесите и резултатите одат во нагорна линија а мораат да се донесуваат одредени одлуки. Драги пријатели, љубители и поддржувачи на фудбалот во општина Радовиш, би сакале да Ве известиме дека управата на ФК „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб и главен тренер Горан Здравков. Причината за тоа е неговиот понатамошен ангажман во прволигашкиот фудбал како тренер на ФК „Брегалница“ од Штип, за што му посакуваме уште повеќе успеси. Нашата цел ја знаете и не отстапуваме од неа. Продолжуваме уште помотивирани и посилни да се бориме за влез во првата лига. Нашите јунаци се на заслужен одмор и со нетрпение ја чекаат пролетната битка. Наскоро ќе Ве информираме за новиот шеф на стручен штаб и новите засилувања. Спортски поздрав. Управа на ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ НА КРОВОВИТЕ НА СПОРТСКА САЛА „25 МАЈ“ И ООУ „КРСТЕ П.МИСИРКОВ“ – ПРОЕКТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“