Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утре наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. До викендот времето ќе биде стабилно и многу студено. За време на викендот ќе настапи зголемување на облачноста и во недела претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб снег. Прогноза за 10.02.2023 Минимална температура: -12°C до -3°C Максимална температура: 2°C до 9°C Наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Прогноза за 11.02.2023 Минимална температура: -11°C до -3°C Максимална температура: 3°C до 10°C Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Прогноза за 12.02.2023 Минимална температура: -11°C до -3°C Максимална температура: 3°C до 10°C Умерено до значително облачно и студено, во северните делови со услови за појава на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЈАВНА ТРИБИНА ЗА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ГРОБИШТА КАКО И ВРШЕЊЕТО НА ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ ИЗВЕСТУВА: