Денес, на свечен начин на спомен обележјето за независноста на Република Македонија пред зградата на ЕЛС општина Радовиш беше одбележан 8 Септември – денот на независноста. Во име на целокупната општествено-политичка јавност, од страна на делегација на општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов беше положен венец од свежо цвеќе. Свежо цвеќе беше положено и од делегација на ОВР-Радовиш и претставници од менаџерскиот тим на Рудниците Бучим и Боров дол. На крај до сите граѓани беше упатена честитка за Денот на незвисноста од Градоначалникот на општина Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НАЈСРЕЌНИТЕ ОД СИТЕ ДЕНЕС БЕА НАЈМАЛИТЕ – ПРВАЧИЊАТА“ – Започна новата учебна година МАНИФЕСТАЦИЈАТА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“ ЌЕ БИДЕ ОДРЖАНА ВО РАДОВИШ