Согласно потпишаниот Меморандум за соработка, денес во посета на општина Радовиш беа претставниците на хуманитарната организација „Операција Флоријан“ од Велика Британија, која во 2010-та година донираше противпожарно возило на општина Радовиш. Градоначалникот на општина Радовиш заедно со преставниците од ТППЕ Радовиш упати благодарност за досегашната соработка со надеж дека и оваа година оваа соработка ќе продолжи успешно и согласно Меморандумот, ќе резултира со нова донација на противпожарно возило и обука за Територијалната противпожарна единица во Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОТКРИЕНИ СЕ БЕСПРАВНО СКЛАДИРАНИ БУКОВИ ОГРЕВНИ ДРВА, ВО МЕСТОТО ВИКАНО ЕРЕНЧЕ ТРИБИНА ПО ПОВОД 21 ФЕВРУАРИ – ДЕНОТ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК