Жрепката во Државната изборна единица пред малку го одреди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори. Под реден број еден ќе биде актуелниот претседател Стево Пендаеровски, а под реден број два, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Реден број три е Стевчо Јакимовски, број четири Бујар Османи, број пет Билјана Ванковска, број шесрт Арбен Таравари и број седум Максим Димитриевски. Првиот круг од изборите е на 24 април. Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување што се случи на седница на Државната изборна комисија во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СЕРХАН НАНУШЕВ ОД КОНЧЕ – КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРАТЕНИК ОД СДСМ ВО 4 ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ФИЛИПЧЕ: ЗА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЛУЃЕ ОДЕА ВО СТРАНСТВО, А СЕГА ЈА ПРИМААТ ДОМА