Македонија е земјата со најголема стапка на криминал во Европа. Со најголема инфлација и рекордер по сиромаштија. Над 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден. 80 илјади луѓе живеат во екстремна сиромаштија со 60 денари на ден. Македонија е на врвот по индексот на мизерија. Косово се гради и стана центар во споредба со Македонија, а Македонија не може глава да крене, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг во Радовиш. Мицкоски посочи дека причината за ваквите резултати се ДУИ и СДСМ. „Ахмети владее со Македонија, Ковачевски му слугува. Груби, Талат, Бујар ја раскрчмуваат, а Маричиќ, Спасовски, Николовски му помагаат. Ахмети е стопанот, а Ковачевски на тацна му даде се што сака. На тој начин си купуваат мир и време во фотелјите додека народот страда. Претседателот Мицкоски најави дека доаѓа крајот на ваквата ситуација. „Ви велам дека овие избори се и шанса да воспоставиме ред. Доаѓа одговорност за сите кои се огрешиле пред законите. Доаѓа одговорност и владеење на законите подеднакво за сите. Било да е некој од СДСМ, ДУИ или ВМРО. Мора еднаш да владеат законите, ако сакаме Македонија да ја биде. Нашата борба е и за средена Македонија. Македонија на народот и која ќе биде повторно твоја“, порача Мицкоски. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation РАДОВИШАНИ СО ОГРОМНА ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ ПРОФ.Д-Р ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗАРАДИ ОДРЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ, 24 АПРИЛ И 8 МАЈ СЕ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ