Еден ден пред изборите, во вторник, ќе работат училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал. „ Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април. Владата вчера донесе одлука 24 април и 8 мај, да бидат неработни и да не се одработуваат. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ФИЛИПЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ 11 ГОДИНИ ОД СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ПРАВЕШЕ СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ, СДСМ ГО ПЛАТИ НИВНИОТ ТРУД Д-Р ФИЛИПЧЕ: МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК ОД ПОЧЕТНИ 60.000 ДЕНАРИ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ