Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПЗ “РАДОВИШКА ПЧЕЛА„ НОВОТО ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ ГО ОДРЖА ПРВИОТ СОСТАНОК СО ПЧЕЛАРИТЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ПОВРЕМЕНИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД