Градоначалникот Ацо Ристов денеска беше во посета на ТППЕ Радовиш каде што заедно со пожарникарите ја примија донацијата на 40 против пожарни одела – донација од наша сограѓанка и нејзиниот сопруг кои живеат и работат во Швајцарија. Овие одела ги исполнуваат сите норми и стандарди за користење од нашите пожарникари во секојдневното справување со пожарите кои се почести во овој период и ќе бидат надополнување на постоечката нова опрема кои ја имаат пожарникарите. Донатори на овие одела е фирмата Бенаско, Мирјана и Криштоф Бенингер од Швајцарија. Превозник до Радовиш на донацијата беше Клас Ком Транс од Радовиш. Градоначалникот Ристов им се заблагодари на донаторите за оваа опрема која е обезбедена во Швајцарија и до превозникот кој ги транспортираше до нашиот град. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Уставен суд ќе ја оценува уставноста на измените на Законот за облигационите односи и на Законот за платите на јавните обвинители Приведен радовишанец баран со потерница