Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени. Во текот на оваа недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денеска официјално започнува мандатот на новата Влада Нападнат вработен од ЈП Плаваја кој во моментот извршувал службени задачи