Вчера и денеска, 23 и 24 Септември, ученици од III и IV година од СОУ “Коста Сусинов” од Радовиш учествуваат во интерактивна обука на тема Планирање на кариера и ја спроведува CEED Hub од Скопје. Обуката е дел од проектот на Национален Младински Совет на Р.Македонија. Програмата за кариерно советување ќе ги развие вештините за барање и наоѓање соодветно работно место на младите невработени лица. Преку оваа програма, проектот ќе им помогне на младите да станат поконкурентни на пазарот на труд со поддршка од професионалци со долгогодишно искуство во областа кариерно советување. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Општинскиот сојуз на училишен спорт со нов избран претседател! Дарко Коцев ќе го води во следниот период… Советниците ја работеа 53 редовна седница