Денот на пожарникарството -20 Мај во Општина Радовиш беше одбележан со организирана и спроведена симулациска тактичко-показна вежба со цел Евакуација и спасување при настанат земјотрес и пожар, која се одржа во ООУ,,Никола Карев” од Радовиш.

Целта на вежбата е превентивно дејствување и подготвеност да одговориме при вистински настан, совладување на паника и безбедно и организирано евакуирање од училиштето.

Вежбата беше изведена од страна на Територијално противпожарната единица Радовиш во соработка со волонтерите од ОО Црвен Крст од Радовиш, ИМП од ЈЗУ Здравствен дом Радовиш и полициските службеници од МВР ОВР Радовиш, кои уште еднаш го демонстрира високото ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации.

Благодарност до сите учесници кои беа на висина на задачата и ваквите вежби продолжуваат во континуитет.

Градоначалникот на  Општина Радовиш Ацо Ристов, упатува честитики по повод Денот на пожарникарите на сите вработени во ТППЕ Радовиш и им изразува голема благодарност за нивната пожртвуваност и им посакува успех во извршувањето на хуманата и благородна работа за спасување на човечки животи.

 

error: Содржината е заштитена !!