УХМР информираше дека денеска минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени. И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Прогноза за 27.07.2025 Минимална температура: 14°Cдо 24°C Максимална температура: 30°C до 38°C Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец. Прогноза за 28.07.2025 Минимална температура: 12°C до 22°C Максимална температура: 29°C до 36°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Прогноза за 29.07.2025 Минимална температура: 11°C до 21°C Максимална температура: 27°C до 36°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Post navigation Речното корито на Ораовичка река ќе биде комплетирано и завршено-Потпишан договорот за финансирање на проектот „Регулација на дел од речното корито на Ораовичка река„ Програмата „Општинско-корисна работа“: Социјални услуги за граѓаните, стабилна работа за 300 лица