Во текот на наредните денови на граѓаните на општина Радовиш ќе им бидат овозможени низа културни настани кои се дел од програмата „Караманова летна сцена 2025“ а следуваат во очи на чествувањето на заштитникот и патрон на градот – Св.Спасо Радовишки.

Покрај програмата која веќе се одвива на отворената летна сцена во склоп на Центарот за култура, следуваат богати содржини почнувајки од Сабота 16.08 кога на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со почеток во 19:30 ќе се одржи традиционалниот фестивал на серенади „Саноќ седам“. Во Недела на 17.08 со почеток во 21:00 следува ексклузивен концерт на Битолскиот камерен оркестар посветен на најдобрите македонски евергрини и песните на Тоше Проески.

Програмата продолжува на 18.08. Понеделник кога ќе се одржи јубилејниот концерт на Троја и нивните пријатели, по повод 10 години од нивното постоење.

Почнувајки од Вторник 19.08., во соработка со Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, Центарот за култура и локалните Здруженија на граѓани, со збогатена програма ќе започне чествувањето на заштитникот и патрон на градот – Св.Спасо Радовишки и истата ќе заврши со традиционалната манифестација „Меден Радовиш“.

Ве покануваме заедно да бидеме дел од овие прекрасни настани и да уживаме во богатата културно-забавна програма.

 

error: Содржината е заштитена !!