Државната изборна комисија денеска ги извлече редните броеви под кои ќе настапат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. СДСМ ќе настапи под број 5, а ВМРО-ДПМНЕ под број 9.Ова е целосната листа со броеви на парламентарните партии:

Искуство за успех ЗНАМ Демократска партија на Србите Национална алијанса за интеграција (НАИ-ДУИ) Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ Левица Коалиција Влен Коалиција за Зелена иднина Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ

На дополнително жрепкање ќе се утврдат броевите на кандидатите од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.

Изборната кампања официјално започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, додека денот на гласањето е закажан за 19 октомври. Доколку има потреба од втор круг, тој ќе се одржи на 2 ноември.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!