Денес во употреба беше пуштена реконструираната чешма „Момина солза“ на Планината Плачковица, изградена од страна на Здружението „Цока Фунги“ и вештите раце на Марјан и Никола а преку претходно одобрен проект од страна на Советот на општина Радовиш.
Со цел подобрување на туристичката понуда на планината Плачковица преку нови традиционални мини излетнички места, се изврши ново партерно уредување на чешма – Момина солза, со користење на традиционални елементи поврзани со една од легендите на планината Плачковица.
———————————————-
* Од дамнина се слушал плачот од нашата планина Плачковица, уште од времето на кралот Филип, кој го однел малиот Александар да го смири неговиот плач во Светиот Град.
И поради тоа што се излеале многу солзи се формирал поток – рекичка, кој тогашните мештани го нарекле Плачковица. Но плачот продолжил и во римскиот и во византискиот и во турскиот период. Луѓето изѕидале многу чешми за здравје и за случајните минувачи, како што се Мечкина чешма, Гоцева Чешма, чешма во село Шипковица и чешмата МОМИНА СОЛЗА.
Постои лековито цвеќе кое христијанската легенда го поврзува неговиот настанок со солзите на Богородица Марија, што ги исплакала за време на распетието Христово. Во Македонија ова цвеќе го нарекуваат Солзите на Марија или Момина Солза.
Токму денес се наоѓаме на ова прекрасно место, кај оваа прекрасна чешма, која можеби го добила името по лековитиот цвет или по локалната легенда за древната принцеза, која плачела за љубов недостигната.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!