Рудникот Бучим распиша огласи за вработување Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање: Оглас за вработување на Подмачкувач – перач на делови РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Редовни сервиси: Врши промена на филтри за масло, воздух, хидраулика на 500,1000, 2000, 4000 и 5000 мото часа по годишен план за одржавање кај рударската опрема (Багери, Дампери и Помошна механизација-Булдужери, Утоварачи, Грејдери); Полнење на маст: Полуавтоматско полнење во системи за централно подмачкување кај рударската опрема по годишен план; Перење на делови и опрема: Врши подготвка на работните склопови пред сервисирање со машинско перење; Визуелен преглед: Преглед на состојбата на деловите пред и по подмачкувањето и известување на предпоставениот за состојбата на истите. Способност за работа со рачен и електричен алат:Вешто користење на електричен и пневматски алат и момент клучеви во извршување на работните задачи; Извршување на задачи според работен налог:Точно исполнување на задачите во предвиденото време квалитетно според налог на претпоставениот; Контрола, пријавување и документација: Строга контола за типот и видот на маслата и мастите при полнење во рударската опрема, води евиденција за извршени активности по работен налог од претпоставениот; Примена на безбедносни мерки:Почитување на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позција; Почитување на работниот опис:Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место; Негување на позитивна работна атмосфера:Создавање и одржување на добра работна атмосфера со колегите; Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: Завршено средно образование; Најмалку три години работно искуство за бараната позиција; Тимска работа: Способност за работа во тим и активна соработка за постигнување на заеднички цели; Возачка дозвола Б категорија се смета за предност; ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во дневна смена од понеделник до петок: 08:00 – 16:00 часот Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Подмачкувач-перач на делови”. Краен рок за поднесување на апликации: 24.04.2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Оглас за вработување на Земач на проби РАБОТНИ ЗАДАЧИ: Опробување во погон Флотација; Подготовка на примероците за хемиска анализа; Прием на примероци од Геолошка служба; Подготовка на примероците од Геологија на примарна, секундарна и терцијарна лабораториска дробилка; Работи со млин (пулверзатор); Врши складирање на примероците во архива; Ја одржува опремата која се користи; Работи со воздушни преси, сушари; Подготвува композитни проби за анализа. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: ССС – предност ќе имаат кандидати со рударско – геолошка и металуршка струка; Способност за тимска работа. ШТО НУДИМЕ: Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;; Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа; Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа; Почетен договор на определено време, со можност за продолжување. РАБОТНО ВРЕМЕ: Работа во три смени и тоа: 06:00 – 14:00 часот – прва смена; 14:00 – 22:00 часот – втора смена; 22:00 – 06:00 часот – трета смена. Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на [email protected], заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Земач на проби”. Краен рок за поднесување на апликации: 24.04.2026 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Училиштето Орце Николов го одбележа својот патронен празник