Проф. Наташа Спасевска, наставник по англиски јазик во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, успешно учествуваше во престижната меѓународна програма Fulbright (TEA) – Teaching Excellence and Achievement, која се реализираше во периодот од јануари до март 2026 година. Програмата, спонзорирана од Стејт департментот на САД и администрирана од IREX, обединува наставници од целиот свет со цел унапредување на наставните практики, размена на искуства и јакнење на меѓународната соработка во образованието. За време на престојот на Florida Gulf Coast University (FGCU) во Форт Мајерс, Флорида, проф. Спасевска учествуваше на академски семинари посветени на современи наставни методи, меѓу кои SBL и PBL, како и настава по англиски јазик со интегрирана образовна технологија. Воедно, таа соработуваше со колеги од 22 земји, разменувајќи искуства и добри практики. Во рамки на програмата, реализираше и практична работа во Estero High School, каде активно учествуваше во наставата и во културна размена со американски ученици, како и онлајн час со ученици од Македонија и САД. Со ова значајно искуство, проф. Спасевска, претставувајќи ја својата земја, стекна нови знаења и вештини кои ќе придонесат за унапредување на наставниот процес во училиштето, а воедно достојно ја промовираше Македонија преку нејзината култура и традиција. Нејзиното учество претставува значаен чекор во нејзиниот личен и професионален развој, како и придонес кон внесување на глобални перспективи во образованието. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Детската градинка „Ацо Караманов“ го одбележа Денот на планетата Земја Општински натпревар по прва помош во Радовиш