9 Мај се одбележува како Ден на победата над фашизмот – ден кога во 1945 година официјално завршила Втората светска војна во Европа со капитулацијата на нацистичка Германија. Овој ден е симбол на победата над фашизмот, слободата и мирот.

Во многу држави, меѓу кои и Македонија, 9 Мај се одбележува со положување цвеќе, комеморации и оддавање почит на борците и жртвите од Народноослободителната борба.

Истовремено, 9 Мај се одбележува и како Ден на Европа, во чест на почетокот на европското обединување и мирната соработка меѓу европските народи.

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!