Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, првото е од 00.00 часот на 12 јуни до 23.59 часот на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август. Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Младите каратисти од Карате клубот „Феникс“ со значајни успеси и достојно го претставија нашиот град