Ракометниот клуб Радовиш синоќа го одржа последниот тренинг за оваа сезона за најмладите членови на својата ракометна школа. Во пријатна и весела атмосфера, исполнета со насмевки и спортски дух, секое дете доби диплома за успешно совладување на основните техники на ракометната игра. Во текот на сезоната, младите ракометарчиња имаа можност да ги усовршуваат своите вештини, да стекнуваат нови пријателства и да ги запознаат вистинските вредности на спортот, како што се дисциплината, тимската работа и меѓусебната почит. Од РК Радовиш на најмладите членови им посакаа среќен и безгрижен летен распуст, исполнет со многу убави моменти, дружења и нови спомени, со порака повторно да се сретнат во средината на август, кога ќе започнат подготовките за новата сезона. Раководството и тренерите на клубот изразија задоволство од напредокот и посветеноста на децата, нагласувајќи дека токму младите категории претставуваат иднината на ракометот во Радовиш. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Одржана 16. седница на Советот на Општина Радовиш: Усвоени одлуки и програми значајни за развојот на општината Работна средба за унапредување на здравствените услуги во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш