Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека согласно Планот за спроведување на адултицидна терестријална дезинсекција, во периодот од 6 до 9 јули 2026 година ќе се спроведе второто прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион. Активностите ќе се реализираат според следниот распоред: 06.07.2026 година Општина Радовиш – почеток во 21:00 часот Општина Конче – почеток во 24:00 часот Општина Струмица (градско подрачје) – почеток во 22:00 часот Општина Ново Село – почеток во 21:00 часот. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства. Исто така, се препорачува граѓаните за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето. Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден поволен ден. Со спроведувањето на оваа активност се продолжуваат мерките за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје на граѓаните во Југоисточниот плански регион. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра Возачите на тротинети под нов режим – следуваат високи казни и одземање