На 29.07.2026 година, околу 02:40 часот, на општинскиот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, во атарот на село Подареш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот М.Т. од село Ораовица и трактор со приколка, управуван од 56-годишниот Г.М. од село Подареш.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките од тракторот, Ф.И. (39) и А.И. (41), двете од Радовиш, додека Ѓ.И. (70) од Радовиш се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Радовиш. При увидот било констатирано дека возачот на патничкото возило М.Т. управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.

По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!