Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска присуствуваше на работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на која беа презентирани можностите што ги нуди Вториот проект за подобрување на социјалните услуги.

Во фокусот на средбата беше актуелниот јавен повик наменет за општините, преку кој се предвидува обезбедување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

 

Предвидено е неискористени училишни и општински простории да можат да бидат реновирани, адаптирани и опремени, а потоа пренаменети во простории за згрижување и воспитание на деца.

За Општина Радовиш, ваквите можности се значајни во насока на подобрување на условите за најмладите жители и обезбедување дополнителни капацитети за семејствата.

 

По завршувањето на средбата, од Општина Радовиш се очекува да ги разгледа можностите што ги нуди јавниот повик и потенцијалните услови за аплицирање со конкретен проект.

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!