По повод одбележувањето на Светскиот ден на мозочниот удар, денеска на Градскиот плоштад во Радовиш беше спроведена здравствено-превентивна активност од страна на медицинскиот персонал на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш.

Граѓаните имаа можност бесплатно да направат мерење на крвниот притисок и проверка на нивото на шеќер во крвта, со цел подигнување на свеста за значењето на редовните здравствени контроли и навременото откривање на ризик-факторите за мозочен удар.

По повод активноста, директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, Стојанче Петров, упати порака до граѓаните:

„Грижата за здравјето треба да биде наша секојдневна обврска. Редовните здравствени контроли, следењето на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, како и навременото препознавање на ризик-факторите, се од особена важност во превенцијата од мозочен удар. Апелирам до граѓаните да посветат поголемо внимание на сопственото здравје, бидејќи превенцијата и навремената реакција можат да спасат живот.“

Од ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш продолжуваат активностите насочени кон унапредување на здравствената свест и превентивната здравствена заштита на населението.

❤️ ПРЕВЕНЦИЈАТА МОЖЕ ДА СПАСИ ЖИВОТ!

 

 

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!