Во Ињево, во храмот посветен на „Св. Петка“ со света литургија започна одбележувањето на големиот христијански празник Преподобна Параскева – Света Петка, по што продолжи заедничката народна прослава во чест на светителката. На празничниот настан присуствуваа голем број граѓани, верници и гости од Ињево и околните населени места, кои заеднички го одбележаа празникот во духот на верата, традицијата и меѓусебното почитување. Прославата помина во топла и свечена атмосфера, исполнета со духовност, радост и искрено гостопримство, уште еднаш потврдувајќи ја важноста на ваквите собири за зачувување на христијанските вредности и народните обичаи. Нека Света Петка ни донесе здравје, мир, радост и Божји благослов на сите и во секој дом! 📍 Ињево, Радовиш RADOVIS NEWS – Информации од Радовиш и регионот! *Фотографии Славе Чамов © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРАЗНУВАЊЕ НА СВ. ПРЕПОДОБНА ПАРАСКЕВА (ПЕТКА)