Возбудувањата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) продолжија и денеска, а екипите на ФК Готен и ФК Слога од Злеово забележаа различни резултати во своите натпревари.

ФК Готен со убедливи 1:8 славеше на гостувањето против ФК Подгор во Колешино, прикажувајќи одлична игра и голема ефикасност пред противничкиот гол.

Најрасположени за голови беа Даниел Бојчев, Бојан Митев и Зоран Спасов, кои постигнаа по два гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Благој Василев и Иван Конзулов.

Од друга страна, ФК Слога од Злеово на домашен терен одигра нерешено 3:3 против ФК Напредок, во натпревар со шест постигнати голови и поделба на бодовите.

Две различни средби, но продолжува борбата за нови бодови во Општинската фудбалска лига.

Radovis News – Резултати и случувања од локалниот фудбал!


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!